УСАИД во четврток во Штип го започна својот нов Проект за Микро и Мали претпријатија во Источниот регион. Проектот го поддржува растот на претприемачите и микро и малите претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции. Проект на УСАИД за Микро и Мали Претпријатија е уникатна можност за добивање на обука и практично знаење, услуги за подршка на бизниси, и финансиски капитал во најпригодната форма, сите насочени кон стимулирање на повисока стапка на раст и создавање на работни места во секторот за мали и микро претпријатија. Овој нов проект ќе биде спроведен од Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (CEED) Македонија, кој во текот на изминатите пет години нуди програми за обучување на менаџери и претприемачи. Новиот проект е конкретно дизајниран за микро и мали претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст.
УСАИД во четврток во Штип го започна својот нов Проект за Микро и Мали претпријатија во Источниот регион.
Проектот го поддржува растот на претприемачите и микро и малите претпријатија преку размена на искуства, советувања, поддршка при извозот и инвестиции.
“Проект на УСАИД за Микро и Мали Претпријатија е уникатна можност за добивање на обука и практично знаење, услуги за подршка на бизниси, и финансиски капитал во најпригодната форма, сите насочени кон стимулирање на повисока стапка на раст и создавање на работни места во секторот за мали и микро претпријатија,” рече Џосеф Лесард, директорот за економски развој во УСАИД.
Овој нов проект ќе биде спроведен од Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (CEED) Македонија, кој во текот на изминатите пет години нуди програми за обучување на менаџери и претприемачи.
Новиот проект е конкретно дизајниран за микро и мали претпријатија кои имаат висок потенцијал за раст. Проектот ќе биде спроведен во пет региони: Скопски, Полошки, Источен, Вардарски и Југоисточeн регион.